Прв академски час на Факултетот за безбедност

Министерството за внатрешни работи, согласно нашите приоритети за адекватно кадровско екипирање на институцијата, како примарни ги постави образовно-стручните критериуми и стандарди, како во своето секојдневно работење, така и во поглед на професионалниот напредок на секој наш службеник, порача денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на првиот академски час на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски“.
-Убедени сме дека токму стручната и образовната подготвеност се меѓу најважните претпоставки за севкупно поквалитетно работење на МВР. Ве уверувам дека нема да запреме со оваа политика во делот на кадровско и стручно надградување на Министерството за внатрешни работи, туку сме решени тоа да стане составен дел од процесите на избор и професионална надградба на нашите вработени, истакна Спасовски.
Академски, рече тој, овој ден е подеднакво значаен за сите студенти и професори на овој Факултет, кој важи за институција чии што образовно-воспитно значење и квалитет се одамна етаблирани во нашиот образовен систем, меѓу друго и поради докажаното високо ниво на стручна, академска и практична наобразба што се нуди.
Деканот на Факултетот Никола Дујовски на студентите им порача да ја искористат новата фаза во нивниот живот, односно да се стекнат со знаење кое го нуди Факултетот.
-Од вас зависи колку ќе искористите, дали ќе бидете посветени на знаењата кои ќе ви бидат суштински во животот. Ова не е било каква професија, вие сте се определиле да студирате во областа на безбедноста, криминалистика, криминологија, евроатлански интеграции, области кои се значајни за нашата држава. Периодот во кој што се наоѓаме бара од нас да бидеме многу посветени, посебно од вас полкладите да ја градите иднината во вистински правец, истакна Дујовски.
На академскиот час на највисоко рангираните десет студенти им беа врачени индексите, а подарок уметничка слика доби професорот Томе Батковски кој од денеска е пензионер и кој својот работен век го поминал токму на Факултетот за безбедност.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
