Вучиќ најави состанок со Заев и Рама за царинските бариери
На маргините на Генералното собрание на ООН во Њујорк, српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се сретна со премиерите на Северна Македонија и на Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, најавувајќи дека тие доаѓаат во Србија во првата половина на октомври на состанок посветен на отстранување на царинските бариери, пренесуваат српските медиуми, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што кажа, со нив ја иницирал идејата за понатамошно отстранување на различните бариери за водење бизнис на територијата на трите држави и слободниот проток на стоки, луѓе и услуги, односно создавање еден вид „мал шенген“.
– Овој договор би требало да биде конкретизиран на 9 и 10 октомври во Нови Сад, бидејќи мислам дека е важно што ја инициравме идејата за регионална соработка. Ние сакаме да се поврземе економски и со тоа да излеземе пред ЕУ и другите како заеднички блок, изјави Вучиќ.
Тој истакна дека тоа ќе биде првиот чекор и оти за Србија ќе биде важно да ја вклучи и Приштина во таквата соработка.
Ново на Сител
-
Забрана за товарни возила на патот Гостивар – Стража
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари