Американците најбогата нација во светот, ги надминаа Швајцарците

Американците сега се најбогата нација во светот, ги надминаа Швајцарците, додека богатството постепено се „топи“ во остатокот од светот, како резултат на настаните околу Брегзит и трговската војна САД-Кина, покажува најновата студија на „Глобален извештај за богатството“ на германската осигурителна компанија Алианц.
Според студијата, просечното нето финансиски имот на луѓето кои живеат во САД е 184.411 евра (203,128 американски долари) по глава на жител, наспроти 173.838 евра колку што е приватното богатство на Швајцарец.
Тие податоци се за 2018 година.
Подемот на САД на врвот на листата на најбогати нации во голема мера се должи на силата на доларот, како и на американските домаќинства, кои се главните двигатели на растот на глобалниот проток на средства, бидејќи две третини од сите заштеди во индустријализираните земји доаѓаат од САД, соопшти осигурителната компанија.
Во извештајот се наведува и дека новото штедење означи глобален рекорд бидејќи се искачи за 22 проценти на повеќе од 2.700 милијарди евра. Ова се припишува на минатогодишната даночна реформа во САД, според која американските граѓани ги зголемуваат новите заштеди за 46 проценти.
Иако САД го зазедоа првото место во извештајот, Швајцарија е се уште на врвот во однос на бруто-финансиските средства по глава на жител, со бројка од 266,318 евра во однос на 227,364 евра колку е за САД.
Сепак, нивото на долг во Швајцарија е далеку повисоко отколку во САД заради бројот на хипотеки. И Швајцарија и САД се далеку пред треторангираниот Сингапур, каде што вкупното нето финансиско богатство по глава на жител е само 100.370 долари.
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
