Османи: Ја очекуваме поддршката од Данска за старт на преговорите
![]()
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска оствари средба со поранешни министри и пратеници од Данска, кои се во посета на Република Северна Македонија.
На средбата, како што соопшти СЕП, Османи и данските претставници разговараа за актуелната состојба на земјава во однос на евроинтегративниот процес, при што вицепремиерот реферираше за досега постигнатиот успех, а ги запозна и со текот на подготовките на преговарачката структура во земјава, во пресрет на големата октомвриска одлука за старт на преговорите за членство во ЕУ.
– Поддршката која ја добиваме овие денови од европските челници и претставници од европските земји членки е од огромно значење не само за мене како вицепремиер за европски прашања, туку и за целата Влада, со оглед на тоа што се оддава признание дека навистина сме успеале во спроведувањето на европските реформи, истакна Османи, посочувајќи дека „во очекување на големата октомвриска одлука“, продолжува со посета на европските метрополи со цел „да ги убедиме и најголемите скептици дека Северна Македонија е подготвена за старт на преговорите со Унијата“.
Претставниците од Данска ги поздравиле спроведените реформи во земјава за членство во ЕУ и НАТО, при што потенцирале дека новата данска Влада, како и претходната, високо ги цени достигнувањата на земјава во реформите, како и склучените билатерални договори со соседите.
Тие, како што се наведува во соопштението, се обврзале да ги пренесат впечатоците од нивната посета на земјава, за напредокот, за подготвеноста и за поддршката која тие ја даваат за старт на преговорите со ЕУ во октомври оваа година.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
