Со европските фондови Виница ќе ги решава проблемите во Ромското маало
Проблемите со урбанизацијата, легализацијата на бесправно изградените објекти и со домувањето на најранливите семејства во Ромското маало, Општина Виница ќе ги решава со средства од европските фондови.
За таа цел, преку проектите на Европската комисија за инклузија на Ромите, обезбедени се 535 илјади евра, а дополнителни 13 илјади евра ќе кофинансира локаната самоуправа од сопствениот буџет.
На средбата со Марта Гардие Фидалго, главен координатор на Европската комисија за инклузија на Ромите во Брисел, градоначалникот на Виница, Ивица Димитров потенцираше дека се работи за важни проекти што треба да се реализираат во наредните две ипол години.
-Проектите за подобрување на условите за живеење во Ромското маало ќе ги имплементираме чекор по чекор, при што ќе се изработи детален урбанистички план за Блок 18, односно за 1.600 жители во оваа населба. За семејствата од најранливата социјална категорија ќе бидат реновирани и покриени 22 куќи, а дополнително уште 177 бесправно изградени објекти ќе бидат легализирани, истакна градоначалникот Димитров.
Според Димитров, најголем проблем ќе биде изработката на деталниот урбанистички план со оглед што има поголем број објекти во Ромското маало што не се градени согласно законските пропис, а останатите два проекти можат да се реализираат во краток временски рок.
Трите проекти во Виница ќе се реализираат со поддршка од Ромскиот ресурсен центар, невладината организација CELIM од Италија и од Општина Виница со грант од Програмата за годишни акции во Македонија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА 2) за поддршка на социјалната инклузија на Ромите.
Претставничката на Европската комисија за инклузија на Ромите, Фидалго најави дека наскоро ќе стартуваат уште два проекти на државно ниво со кои ќе се обезбеди стипендирање за учениците Роми и ќе се подобрува социјалната инфраструктура во ромските населби.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Опозицијата сака граѓанска војна, власта сака работа и просперитет за сите граѓани
-
61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија
-
Раде Штекли вработува лично обезбедување, плата 3.000 евра | ФОТО
-
Крадец баран со потерница бил предаден во Затвор Тетово
-
Турчин уапсен за криумчарење на осум мигранти од Сирија
-
Ги затекнале како користат хероин, уапсени 4 лица во Кочани
-
Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати
-
Парламентарци од Чешката Република во посета на Собранието на Северна Македонија