Халанд е ѕвезда на вечерта во Лигата на шампионите

Норвежанецот Ерлинг Браут Халанд стана осмиот фудбалер кој на дебито во Лигата на шампионите направил хет-трик, но испиша и историја како најмлад на кого тоа му успеало за едно полувреме.
Играчот на Салцбург има 19 години и 58 дена, сите три гола ги постигна во првото полувреме на дуелот со Генк. Гостите беа разбиени, но и тие дадоа два гола, од кои едниот на Али Самата, кој стана прв играч од Танзанија што погодил во ЛШ.
Наполи двата гола против Ливерпул ги даде откако македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра. Голови немаше само во Дортмунд. Борусија пропушти прилика да победи, бидејќи изведе пенал, но шутот на Ројс го одбрани Тер Штеген. Меси играше половина час.
Резултати од натпреварите одиграни синоќа:
Интер – Славија 1:1,
Лион – Зенит 1:1,
Ајакс – Лил 3:0,
Бенфика – Лајпциг 1:2,
Борусија Дортмунд – Барселона 0:0,
Челзи – Валенсија 0:1,
Наполи – Ливерпул 2:0,
Салцбург – Генк 6:2.
Денес играат:
Бриж – Галатасарај,
Олимпијакос – Тотенхем,
Атлетико Мадрид – Јувентус,
Баер Леверкузен – Локомотив Москва,
Баерн Минхен – Црвена ѕвезда,
Динамо Загреб – Аталанта,
ПСЖ – Реал Мадрид и
Шахтјор – Манчестер сити.
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
