Узурпација на велосипедскиот простор, сообраќајна битка која секојдневно ја водат велосипедистите
Узурпација на велосипедскиот простор. Сообраќајна битка која секојдневно ја водат велосипедистите. Паркирани автомобили на велосипедските ленти - појава која е повеќе од честа.
Велосипедистите, покрај хоризонталната, бараат секаде да се постават и физички пречки, кои би го подигнале нивото на сообраќајна култура.
Градските власти тврдат дека засилено работат на ослободување на велосипедските патеки и ленти.
Зголемување на должината на велосипедската мрежа за 50% во 2021-та во споредба со 2018 година, создавање на велосипедска инфраструктура, како и зголемување на патувањата со велосипед.
Ова е само дел од акцискиот план за унапредување на велосипедскиот сообраќај, презентиран денеска во град Скопје.
Планот предвидува и финансиска поддршка во насока на обезбедување на субвенции за купување велосипеди, но и формирање на работна група за унапредување на велосипедскиот сообраќај.
Планот треба да биде усвоен на седница на Советот на градот в четврток.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар