Значајно откритие на белгиски научници би можело да доведе до лек за ХИВ

Екипа научници на универзитетска болница во Гент, Белгија, успеале да го локализираат попрецизно вирусниот резервоар на ХИВ вирусот, со што науката се доближува до можен лек за СИДА.
Иако СИДА не се смета повеќе се смртоносна болест благодарение на инхибиторите на ХИВ вирусот кои овозможуваат да се држи болеста под контрола до крајот на животот на пациентот, имуниот систем сепак останува нарушен, а ризикот од кардиоваскуларни болести и рак кај ХИВ позитивните луѓе е значајно поголем.
Болните од СИДА никогаш не се излечени бидејќи вирусот останува во нивниот организам иако е под контрола со терапијата што ја примаат.
Но, последните откритија на екипата научници од Гент би можеле да ја доведат медицината чекор поблиску до лек за оваа досега неизлечива болест.
Кај заразеното лице кое прима терапија, количината на ХИВ вирусот е многу мала, но ако се прекине терапијата вирусот веднаш повторно се појавува. Таа количина на вирусот која останува во телото се нарекува „вирусен резервоар“.
Крајната цел е да може целосно да се елиминира вирусот, и ова последно научно откритие на белгиската екипа е токму чекор во тој правец. Благодарение на единаесет доброволни пациенти кои прифатиле да го прекинат третманот на кус рок, научниците успеале попрецизно да го лоцираат резервоарот.
– ХИВ вирусот се крие во специфични имунитетни клетки во телото и не се детектира, кога пациентот прекинува да ги прима инхибиторите на ХИВ, вирусот може повторно да се појави од тие клетки и да предизвика враќање на вирусот. Нашата студија покажа дека за разлика од она што мислевме досега, имунитетните клетки се коодговорни за овој вирусен резервоар, покажуваме исто така дека враќањето на вирусот не доаѓа од еден орган само или еден тип на клетки, туку може да дојде од различен вид на клетки во различни делови од телото како крвта, лимфните жлезди, итн., објаснуваат докторите Мари Анжелик Де Схредер и Линос Вандекеркоф, од Универзитетската болница Гент.
Ново на Сител
-

Андоновски: Системот за електронско управување со документи не бил тестиран за безбедносни слабости, направени се тестирања и надминати се сите недостатоци
-

Трамп: Иран врз базата Диего Гарсија лансира ракета која „наводно ја нема“
-

Николоски: Блокираните ДУП-ови се причина за 2.500 евра квадрат во Скопје и 4.000 евра во Охрид
-

Мицкоски: И во услови на историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат
-

Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последиците од пандемијата
-

Иран го отфрли американскиот мировен предлог како „едностран и неправеден“
-

Лука Кипровски влегува во WAKO PRO водите – дуел со шампионот Кликавац во Црна Гора
-

Објавена е првата официјална фотографија од новата серија за Хари Потер
