Жан Мари ле Пен обвинет за проневера на јавни средства

Поранешниот претседател на Националниот Фронт (НФ), Жан Мари Ле Пен е обвинет за „проневера на јавни средства“ и „соучесништво“ во случајот на наводно фиктивни работни места на екстремно десничарската партија во Европскиот парламент, пренесува дописникот на МИА.
Како што објавија неговите адвокати, ко-основачот на партијата (НФ), преименуван во Национален Собор (РН), беше сослушуван повеќе од четири часа од париските истражни судии Клер Тепаут и Доминик Блан за работните места на тројца негови помошници, наведуваат неговите адвокати.
-Жан Мари Ле Пен (91 гдоина) „е многу уморен“, рече адвокатот Фредерик Јоаким. „Ова е очигледно политичка афера“, продолжи тој, осудувајќи го „судскиот упад во законодавниот дом“.
Веќе повикан на 11 април за овој случај, Ле Пен, кој ја водеше партијата од 1972 до 2011 година, одби да излезе пред судиите, сметајќи дека се уште е заштитен од неговиот пратенички имунитет. Имунитетот, сепак, му беше одземен на 12 март од страна на Европскиот парламент, на барање на француските судови.
–Истражните судии поставуваат многу прашања во врска со случајот за кој сметам дека е политичка измама воспоставена пред неколку години„ за „прогонување на евроскептиците“,обвинува Жан Мари Ле Пен, кој беше европратеник во Европскиот парламент од 1984 до 2019 година.
Истражните судии се сомневаат дека НФ сега РН и неговите водачи воспоставиле „координиран и намерен систем на пренасочување “на средствата што ЕУ ги доделува за секој европратеник за да ги надоместат парламентарните соработници, со цел да партијата да заштеди пари за нивната плата. Штетата која ја процени Европскиот парламент изнесува речиси околу седум милиони евра за периодот 2009-2017 година. Во овој случај, покренати се дваесетина обвиненија, меѓу кои и за Марин Ле Пен, претседателката на РН, поранешниот нејзин придружник Луис Алиот или благајникот на партијата Валеранд де Сен-Жуст, за „злоупотреба на јавни средства “или соучесништво. Партијата, исто така, е обвинета за овој случај.
Слични истраги се водат и за партијата Модем, која е во коалиција со Републиката во движење на Емануел Макрон.
Ново на Сител
-

Орбан повика на отпор против „реколонизацијата“ на Унгарија
-

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница
-

Direct Media Одбележува 25 години работење
-

Рамадан Шерифи му го посвети голот на трагично загинатиот соиграч Даниел Николовски
-

Патничка се соблекла за време на лет, полицијата ја привела по слетување во Мајами
-

Жена во Холандија уапсена поради нарачување убиство преку дарк веб
-

Зеленски: Руските млазни дронови ги соборуваме со борбени авиони „Ф-16“
-

Спалети по поразот на Јувентус од Сасуоло: Тргнавме по трите бода и заборавивме на одбраната
