Ракомет
24. November 2015 - 14:58

Вардар Јуниор со поволна ждрепка во 1/8 финалето на Челинџ купот

Ракометарките на Вардар Јуниор по успешно минатото 3.коло од Челинџ купот на денешната ждрепка во Виена го добија ривалот за следната фаза. Тоа е екипата на Минаква Војводина од Србија. 

Младите ракометарки на Вардар Јуниор беа во вториот шешир на аутсајдер и за противник ја добија екипата на Минаква, која во моментов се наоѓа на последното место на табелата во лигата на Србија.
Противникот од Србија во претходната рунда беше слободен, а Вардар Јуниор постигна две победи на Лондон Енџелс.
Првиот натпревар треба да се игра на 9 или 10.јануари во Скопје, а реваншот седум дена подоцна во Србија.