Дождот спречи шумски пожар да стигне до Долна Лешница во Тетовско
Селото Долна Лешница во општина Желино во петокот навечер ја избегна опасноста шумски пожар да ги зафати првите куќи во населбата. Интервенциите на пожарникарите во текот на изминатите денови како и дождот што почна да врне во петокот навечер значеја целосно гаснење на огнот што избувнал на падините на планината Сува Гора.
-Шумскиот пожар избувна уште пред три дена високо на планината Сува Гора од правец на Стримница. Со возила не ни можевме да пристапиме. Дел од пожарникарите со персоналната опрема со вода во раце и други материјали се обидуваше да го изгасне огнот. Со возила се гаснеше веќе кога се приближи до селото Долна Лешница. Во текот на петокот сепак успеавме да го локализираме пожарот. Околу 19 часот започна да врне со што целосно се изгасна оганот на сите места и опасноста беше отстранета, информира Ука Алити, командир на тетовската Територијална противпожарникарска единица.
Командирот информираше дека во текот на неделата имале уште пет интервенции на отворено.
-Во сите случаи причина е човечкиот фактор, што од негрижа или невнимателсност. Треба да се избегнува да се пали оган на отворено и да се фрлаат неизгасени отпушоци од цигари, вели Алити.
Поголеми интервениции на отворено во шумски предел пожарникарите имале и во реонот на Голема Речица.
Ново на Сител
-

Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен
-

СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето
-

Проширена истрагата за ботоксите, осомничени уште четири лица
-

Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав
-

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“
-

Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта

