Увид на реконструкцијата на патот Долнени - Чашка
Претседателот на ДУИ Али Ахмети, вицепремиерот Садула Дураку, министерот за економија Крешник Белтеши и градоначалникот на општина Долнени, Џемил Ќамили денеска беа во обиколка на патот Долнени -Чашка, кој е во фаза на реконструкција.
-Овие инфраструктурни објекти се градат во интерес на жителите на овој регион и секако за целокупниот развој на земјата, рече Ахмети.
Министерот за економија Крешник Бектеши потенцира дека овој пат е значаен за регионот кој го скратува растојанието од Прилеп до метрополата за околу 120 километри, што ќе биде од огромна корист за жителите на регионот и ќе чини 80 милиони денари.
Свое задоволство за изградбата на овој пат изрази и директорот на „Македдонија пат” Беким Мемеди кој истакна дека ние исполнуваме една желба на жителите од регионот .
-Можеби ние со општина Чашка бевме единствени соседни општини кои не бевме инфраструктурно поврзани. Ова беше мое предизборно ветување кое го реализираме, истакна градоначалникот на Долнени Ќамили.
Новинарите приликата ја искористија да го прашаат министерот Бектеши дали ќе има покачување на минималната плата. Тој рече дека тоа ќе се знае во наредните три недели.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш