Зошто се задржува вода во организмот?
Водата му е потребна на телото за нормално да функционира, но понекогаш во организмот се задржуваат премногу течности што физички се манифестира со отекување.
Задржувањето на вода најчесто е последица на една од овие причинители…
Исхрана
Исхраната што подразбира внесување големи количини сол и преработена храна доведува до покачување на килограмите, но и задржување на вишок течности. Поради тоа би требало да го ограничите консумирањето сол и да пробате да експериментирате со зачини кои на храната ќе ѝ дадат подобар вкус иако ќе биде помалку солена.
Хормони
Во текот на менопауза и пред менопауза многу жени страдаат од задржување на вишок вода во организмот и отекувањето се јавува како последица. Хормоните естроген и прогестерон имаат важна улога во тоа, па задржувањето течности може да биде предизвикано поради високо ниво на естроген или ниско ниво на прогестерон во крвта. Ако ви се задржува вода почнете да се храните поздраво, но направете и алерго-тестови и проверете го нивото на хормони во крвта.
Начин на живот
Проблеми со срцето
Кардиоваскуларните нарушувања често можат да бидат причина за задржување вишок вода и отекување во абдоменот и нозете. Ако забележите дека сте отечени воочливо, повеќе од вообичаено (бидејќи на сите понекогаш им се случува да се разбудат „надуени“), не би било лошо да појдете на доктор за да го проверите здравјето на срцето и крвните садови.
Лекови
Одредени лекови како што се на пример антидепресивите, бета-блокаторите, медикаментите заза регулирање крвен притисок, оние што се користат во хемотерапијата како и нестероидните антиинфламаторни лекови можат да предизвикаат задржување течности во организмот. Ако неодамна почнавте да земате некои од овие лекови, а забележувате дека сте отечени – консултирајте се со доктор. Можеби ќе треба да ја смените терапијата.
Што можете да направите?
Магнезиум
Ако ви се задржува водата, може да почнете со зголемено консумирање магнезиум бидејќи овој минерал поттикнува ослободување на вишокот течности. Студиите покажале дека 200 милиграми магнезиум дневно во деновите пред менструација значително го намалува задржувањето вода кој е еден симптом на ПМС. Магнезиумот го има во темнозелениот лисест зеленчук, јаткастите плодови, житариците од цело зрно, црната чоколада…
Витамин Б6
Ова е еден од витамините коишто се важни за формирање црвени крвни зрнца, но и за некои други витални функции. Покрај тоа, витаминот Б6 го ублажува задржувањето вода во текот на ПМС. Намирници коишто се богати со овој витамин се банани, ореви, компир и месо.
Калиум
Калиумот е исто така еден од важните минерали, а истражувањата покажале дека проблемот со задржувањето вода се решава со оптимално ниво на калиум во крвта. Овој минерал го снижува нивото на натриум и поттикнува создавање урина. Намирниците богати со калиум се домат, авокадо и банана.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање