Спасовски: „Рекет“ ќе се расчисти докрај и секој што е инволвиран ќе одговара

Интензивно се работи по наредби на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција за целосно расчистување на случајот „Рекет“. Тоа е многу важно и за државата и тоа покажува дека институциите имаат сериозен капацитет. Ниту во овој случај, ниту во кој било друг случај, нема можност за заштита на било кој, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за МИА.
Посочува дека се преземаат низа активности што треба да дадат одговор на сите прашања во истрагата, но оти не може да се споделуваат повеќе информации бидејќи истрагата е во тек.
– Меѓутоа, едно треба да бидеме сигурни и воедно ја убедувам јавноста дека докрај ќе се расчисти тој случај и дека без разлика кој има учесник во таков случај – дали е политичка личност, дали е која било јавна личност или е обичен граѓанин, а кој учествувал во вакви активности, докрај ќе биде санкциониран, изведен пред лицето на правдата, нагласува Спасовски.
Смета дека „Рекет“ треба да биде уште поголем мотив до ЈО и до судовите конечно да застанат во заштита на интересите на државата и дополнителен мотив до граѓаните да пријавуваат вакви случаи.
– Ако до пред две години сите заедно се боревме против авторитарен режим, да ја вратиме слободата, демократијата, да ја вратиме слободата на говорот на изразувањето, денеска веќе не можеме да разговараме на таа тема заради тоа што сето тоа го имаме во пракса во Македонија. Меѓутоа, сега е моментот за ефикасна, ефективна и неселективна многу силна борба против криминалот и корупцијата. Сега е дојден моментот да се обединиме сите, и граѓаните и институциите, и да го победиме криминалот и криминалните структури во државата.
Во интервјуто за МИА што наскоро ќе го објавиме во целост заедно со видео материјалот од разговорот, министерот Спасовски говори и за ветингот што треба да биде спроведен во Министерството за внатрешни работи, а дава оценка и за безбедносната состојба во државата.
Ново на Сител
-

Муцунски: Историјата, идентитетот, јазикот и културата се нашите црвени линии, очекуваме гаранции од европските институции
-

Французин пронајден мртов на лежалка во Ксамил, се сомнева дека бил избоден до смрт од албански државјанин
-

Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и во општина Студеничани
-

Муцунски: По 2019 година повторно ќе се одржи Амбасадорскиот совет, ќе постави конкретни задачи за дипломатската мрежа
-

Неизвесен настапот на Синер на УС опен
-

ХИВ во пораст: 11 нови случаи во јули, меѓу нив и 20-годишник
-

Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава
-

Најмалку десет жртви во последните руски напади врз Харковската област
