Булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје денеска затворен за сообраќај
Булеварот „Крсте Мисирков“, од клучката Бит-пазар до крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ кон центар (страната кај Бит-пазар), денеска ќе биде затворен за сообраќај, соопшти Град Скопје.
Комплетниот автобуски и моторен сообраќај ќе се одвива преку клучката Бит-пазар, булеварот „Александар Македонски“, улицата „Беласица“ и булеварот „Гоце Делчев“.
Денеска ќе се врши и асфалтирање со завршен слој на булеварот „Кочо Рацин“, од раскрсницата со булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ до раскрсницата со улицата „Свети Кирил и Методиј“ кон центарот на градот. Поради тоа, оваа коловозна лента ќе биде затворена за сообраќај 24 часа. Автобускиот превоз ќе биде пренасочен кон булеварите „Крсте Мисирков“, „Гоце Делчев“ и „Филип втори македонски“.
Градот Скопје апелира граѓаните да го почитуваат воведениот привремен сообраќаен режим и поставената патна сигнализација, како и да ја прилагодат брзината на движење на условите на патот.
Ново на Сител
-
Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор
-
Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија како дел од програмата на Светска банка
-
Кривична пријава за сопственик и за правно лице за „даночно затајување“
-
Изгаснат пожарот во Ајфелова кула - Евакуирани над 1200 лица | ВИДЕО
-
Укинати забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка - ГП „Деве Баир“ и Кратово - Пробиштип
-
Со пренамена на средства до бесплатен автобуски превоз за студенти во 2025 година
-
Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 23 јануари, Кривичен ќе одлучува по барањето за амнестија
-
20-годишен возач е тешко повреден откако со возило излетал од пат