„Чајна дејли“: Војската ќе реагира ако се влоши ситуацијата во Хонг Конг

Весникот Чајна Дејли објави денеска дека целта на стационирање кинески трупи во Хонг Конг не е симболична и дека тие нема да имаат причина да не реагираат доколку ситуацијата во градот се влоши.
Кина вчера заврши со рутинска ротација на воздушните, копнените и поморските сили во Хонг Конг, поранешна британска колонија каде што се одржуваат антивладини демонстрации од јуни.
Одредот војници на Народноослободителната армија е стациониран во Хонг Конг од 1997 година.
Според аналитичарите, гарнизонот има меѓу 8000 и 10.000 војници кои се во бази на југ во Кина и во низа касарни во Хонг Конг кој има статус на специјална административна област. „Иако владата во таа област досега не чувствуваше потреба да го повика гарнизонот, тоа не значи дека тоа нема да го направи ако затреба“, наведува весникот.
Ново на Сител
-

Сончево и постудено утро, до 25 степени во текот на денот
-

Успешен ден за македонските кикбоксери: Три обезбедени бронзи и победа на Глигорова
-

ЈО: Истрага за нападот на Огненовиќ
-

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица
-

На Инфективната клиника има 12 пациенти со западнонилска треска од кои три се на интензивна нега
-

Мајка од Скопје пријавила профил на кој биле објавувани недолични содржини од нејзината ќерка
-

Кривична пријава за 15-годишник кој ја нападнал својата баба
-

Во кругот на фабриката Железара избувнал пожар - нема повредени
