Македонија
27. August 2019 - 16:37

Адеми се надева дека наставата ќе почне на 2. Септември, СОНК не попушта-штрајк ќе има

Министерот за образование посакува  СОНК да се откаже од намерата за штрајк на наставата. Тој  најави дека ново покачување на платите ќе има, но не можел да  прецизира кога.

Со синдикатот ќе се сретна повторно оваа недела и изрази надеж дека  учебната година навреме ќе почне.

Доколку учебната година не почне навреме вината ќе падне на товар на  министерот, порача лидерот на СОНК во изјава за Сител. 

Ставот на синдикатот е непроменет, испратиле барања до МОН и очекуваат конкретни резултати.

Наставниците од сите основни и средни училишта нема да примаат ученици и нема да одржуваат настава, доколку МОН не им ги покачи платите. Бараат уште најмалку 15 проценти и тоа од оваа година.

Со одлуката за предупредувачки штрајк СОНК останува конструктивен за преговори со МОН во текот на септември иако од советот на синдикатот  се изјасниле и за генерален штрајк.