Орбан и Меркел одбелeжаа 30 години од падот на Железната завеса

Лидерите на Унгарија и на Германија, Виктор Орбан и Ангела Меркел денеска присуствуваа на церемонија на одбележување на 30-годишнината од така наречениот Паневропски пикник, настан на границата помеѓу Австрија и Унгарија, за кој се смета дека помогнал за падот на Берлински ѕид.
На церемонијата во унгарскиот западен град Шопрон, Орбан и Меркел ја потенцираа заедничката историја на нивните земји и европските вредности што ги делат.
Орбан е еден од најжестоките критичари на политиката на Меркел за отворање на вратата на Германија за барателите на азил за време на бегалскиот бран 2015 и 2016 година.
Меркел и се заблагодари на Унгарија што на 19 август 1989 година унгарските граничари им дозволија на околу 700 бегалци од Источна Германија да ја поминат границата со Западот, со што се изврши дополнителен притисок врз комунистите во источен Берлин да им дозволат на своите граѓани да емигрираат.
– Ние Германците со голема благодарност се сеќаваме на придонесот на Унгарија за надминување на поделената Европа и придонесот на Унгарија во реализацијата на повторно обединување на Германија – истакна Меркел за време на службата во црквата во Шопрон.
На прашањето за одлуката на Будимпешта да постави ограда долж јужната граница за да ги спречи мигрантите да стигнат до Европска Унија, иако Унгарија помогна пред 30 години во уривањето на Железната завеса, Орбан истакна дека тие два настана се во целосна согласност еден со друг.
На 19 август 1989 година отворена е границата помеѓу Унгарија и Австрија по повод Паневропскиот пикник и 700 граѓани на тогашна Демократска Република Германија ја искористија можноста да заминат на Запад.
Ново на Сител
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
-

Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро
-

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат
-

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
-

ЈОРСМ: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец
