Балкан
10. August 2019 - 9:57

Командант на БСК: Војската на Косово во мировни мисии од 2021 година

Командантот на Безбедносните сили на Косово (БСК), генерал-полковник Рахман Рама, најави дека до 2021 година косовската армија ќе биде во воена мисија по првпат со американската војска во Ирак или Авганистан.

– Учеството на Косово во мировните мисии ќе биде големо достигнување, изјави Рама за Радиотелевизија Косово.

– Јас велам, со целосно убедување, дека косовските војници, заедно со Националната гарда на Ајова, ќе бидат на тие позиции во воените мисии, прецизира тој.