107 од создавањето на Албанската азбука
107 години сите албаници во светото користат едно унифицирано писмо. Пред 107 години во Битола беше создадена албанската азбука. На овој ден 5о албански делегати од 26 градови одлучија да се прифати латиницата со адаптитрани букви на особеностите на албанскиот јазик.Албанците го слават за нив еден од најголемите културни настани но и почеток на писменоста. Кај нас, централниот настан се одбележа во градот на конзулите. Во музејот на албанската азбука свое обраќање имаше вице премерот Муса Џафери, министерот за образование Абдулажим Адеми како и гости од Косово и Албанија. Беше потпиошан договор за продлабочување на соработката во делот на образованието меѓу трите земји.
Честитка по повод денот на албанската азбука испрати и државниот врв.
На битолскиот конгрес албанските интелектуалци испратиле порака на заедништво, пријатеслтво и разбирање, мисија која денеска заедички ја шириме, вели првиот човек на државава.
Албанскиот јазик е нераскинлив дел од јазичното и културно богатство на Република Македонија. Негувајќи ја културната и етничка разноликост го осознаваме значењето на писмото и јазичниот диверзитет преку кој го јакнеме општеството. Велат јазикот е душата на еден народ, но тој се идентификува преку своето писмо. Азбуката претставува ризница на културата која нè поврзува со минатото и е инспирација за идните генерации, пишува претседателот Ѓорѓе Иванов
Основните карактеристики по кои се разликува еден народ од друг се азбуката и писменоста.Собрниускиот спикер смета дека проспериттетот на државата може да се постигне само со заедничтво а за нпредокот свој придонес има и албанската заедница.
Наша заложба е да ги почитуваме различностите и да продолжиме да ги негуваме толеранцијата и соживотот помеѓу сите граѓани во Република Македонија. Наша е придобивката ако гледаме во различностите како можност за учење на нешто ново.
Премиерот Никола Груевски во својата честитка до албанскот народ вели дека е сосема оправдано овој ден да се одбележува како битен датум за нашата држава и народ.Никогаш не треба да ги заборавме своите зачетоци без кои чоевештвото немаше да ги доживее своите достигнувања.
Културните особености за секој народ се од големо значење за сопствената идентификација. Живеејќи во време на глобализација и современа цивилизација никогаш не треба да ги заборавиме културните зачетоци без кои човештвото не ќе ги доживееше своите достигнувања. Еден од тие зачетоци е и создавањето на писмото како еден од најскапоцените дарови на човечката интенција за побрз развој и што поголеми остварувања. Од тој аспект, создавањето на албанската азбука е еден од значајните културолошки дострели на албанскиот народ и сосема оправдано е дел од одбележувањето на битни датуми за нашата држава и за нашите граѓани.
-
Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар