Македонија
8. August 2019 - 10:34

Живот со предизвици: Велески не може да оди, Алиша не може да гледа, но заедно можат сѐ

Александар Велески целиот свој живот го минува со помош на количка, на тоа го условила параплегијата, парализа на нозете со која се носи од својата петта година.
 
За Велески најголемиот проблем во секојдневието, движењето по улиците, парковите и кејот на Вардар е немањето инфраструктура за лицата со посебни потреби.  
 
Бен е неговиот најголем и најверен другар - помошник. Куче дресирано да оди со Александар и да му помага во секојдневието.
 
Во секојдневитео му помага и Суарет Алиша, лица со попреченост на видот. Растен без светлината на денот, но и без родителска грижа. Низ темнината на секојдневните општествени проблеми одамна талка..