Нема приближување меѓу власта и опозицијата за клучните точки од законот за ЈО
Работните групи на власта и на опозицијата сè уште не постигнаа напредок во однос на законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство. И вчерашната средба заврши без напредок и со меѓусебни обвинувања. ВМРО-ДПМНЕ бара да учествува во изборот на наследник на специјалната јавна обвинителка, а министерката за правда Рената Дескоска смета дека опозицијата промовира неказнивост со сталинистички закон.
-Одредени решенија многу лесно го карактеризираат законот на опозицијата како ретрограден и сталинистички. Опозицијата бара целосна, строга централизација на системот на Јавното обвинителство, која ќе значи јавниот обвинител Јовевски или кој и да биде, да биде човек со чиј мандат ќе бидат врзани мандатите на 27 носители на јавнобвинителската функција во државата. Со престанокот на мандатот на државниот јавен обвинител би требало да престане мандатот и на тие 27 лица кои се на чело на јавните овбинителства во државата, рече Дескоска.
Меѓу клучните разлики се прашањето за идниот статус на СЈО, на обвинителите, на вработените и на предметите.
– Според барањето на ВМРО-ДПМНЕ треба да дојде до целосно демонтирање на структурата на СЈО, но и за жал на Обвинителството за организиран криминал. Барањето беше дека треба да биде неизвесна судбината на сите лица кои се вработени во СЈО и во Обвинителството за организиран криминал, и со нивното спојување да не се знае тие лица каде ќе одат. Понатаму тие да се распределуваат, што ќе се одрази негативно врз континуитетот на процесите бидејќи процесот на екипирање оди бавно и тоа ќе доведе и до застареност на одредени случаи, изјави Дескоска.
Тој изјави дека обвинителството во случајот „Рекет“ не се труди да открие повеќе докази и податоци, туку, како што додаде, со одолговлекувањето, изгубените телефони и годишните одмори се труди како да сокрие повеќе докази за овој нивен скандал. Според Милошоски, тоа во овој момент се појавува како пречка во продуктивноста на разговорите кои се водат за законот за обвинителство.
Опозицијата не се согласува обвинителката Катица Јанева и другите обвинители, како и сите вработени во СЈО по сила на закон да преминат во Обвинителството за борба против организиран криминал бидејќи се сомневаат дека некои од нив можеби имаат улога во „Рекет“. Милошоски рече дека власта не се откажува од обвинителката Вилма Рускоска.
Следната средба меѓу власата и опозицијата се очекува да се одржи околу 15 август годинава.
За Предлог – законот за Јавно обвинителство што го предложи Владата, претседателот на Собранието Талат Џафери закажа седница на 27 август.
Предлог-законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство е со европско знаменце и ќе се носи по скратена постапка.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија