Пленковиќ жали поради острата реакција од БиХ

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изрази жалење поради, како што рече, претераната реакција од БиХ поради погрешно пренесената изјава на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.
Хрватските медиуми пренесоа дека таа во Израел рекла дека БиХ е „многу нестабилна земја и дека на одреден начин ја презеле луѓе кои се поврзани со Иран и терористички организации“, по што следуваше демант од хрватската претседателка, но и беше повлечен тој дел од текстот објавен во „Ерусалим Пост“.
– Нашата политика кон БиХ е да развиваме добрососедски односи и партнерска соработка, рече Пленковиќ на владината седница и дополни дека му е жал за погрешно пренесената вест.
Тој истакна дека е важно Хрватска и БиХ да бидат внимателни во комуникацијата, меѓусебно да се почитуваат и да ги решаваат отворените прашања. – БиХ е наша соседна и блиска земја и поради тоа му е жал поради ваквите жестоки реакции, истакна тој.
Ново на Сител
-

Груевска-Илиевска: Судечкиот совет ќе направи се постапката за „Пулс“ да тече, колку ќе трае процесот никој не знае
-

Кривични пријави за Мерко и четири други лица за уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески во Струга
-

Во Албанија невремето предивика големи проблеми
-

Се излеа хемиска пена на булевар во Скопје, градоначалникот Ѓорѓиевски тврди дека сторителот е идентификуван
-

Судот донесе одлука за спојување на постапките за пожарот во Кочани и за агенцијата „Рубикон“ што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“
-

Инспекцијата одзеде куче држано во крајно нехумани и незаконски услови, предадено под надзор на ЈП „Лајка“
-

Зеленски во Турција: Ќе се разговара за начини за ставање крај на војната во Украина
-

МФ: Собранието ги изгласа измените на Законот за ДДВ, поддршка за домашната економија и фер конкурентност на пазарот
