Од 300 до 500 Македонци дневно бараат информација за работа во Германија

Дневно од 300 до 500 граѓани од источна Македонија бараат информација за работа во Германија. Ова е статистиката на иселениците кои долги години им посредуваат на нашинците во регионот на Штутгарт каде, како што вели Бошко Васев, иселеник по потекло од село Бигла, се повеќе се бара работа со македонски пасош.
– Дневно на сите виртуални мрежи, посебно Вајбер, не бараат од 300 до 500 луѓе кои бараат работа со македонски пасош. Најмногу моментално има потреба од градежници, плочкари, молери, парначи, водоинсталатери. Бидејќи има голем дефицит и нагло се гради во Германија, токму овие профили на работници се бараат во Германија, инфоирмира Васев.
Од 1 јануари 2020 година, според Васев, се олеснува процедурата за работа во Германија, а дотогаш важи старото правило со издавање работна дозвола од Германската амбасада.
– Иако по социјалните мрежи пишуваше дека во Германија работа може да се најде без потребните документи од Амбасадата, сите тие информации беа неточни. Се уште е на сила важечкиот закон, мора прво да се побара термин во Германската амбасада за апликација за германска виза. Од 1 јануари 2020 за квалификувани лица, ќе може без Амбасадата да се дојде во Германија, имаме шест месеци на располагање да си најдеме работа, сместување и таму документите да ги средиме, додава Васев.
Во регионот на Бретен и Бруксал, каде што посредува иселеникот по потекло од Бигла, во моментот својата егзистенција ја нашле над три илјади Македонци.
Ново на Сител
-

Во пожар во Шуто Оризари изгореа неколку објекти
-

Намален бројот на одобренија за градба
-

Денеска се празнува отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител
-

Активни два пожара, четири се под контрола, а 25 изгаснати
-

Дваесет и пет години од најголемиот терористички напад врз САД на 11 септември
-

Опозицијата ќе поставува прашања на премиерот и на министрите
-

Трамп: Не се каам за војната со Иран и не верувам во зборот „каење“
-

Холандски автобус со 48 лица се преврте во Швајцарија, има загинати и повредени
