Македонија
29. July 2019 - 16:15

И пописот чека на политички договор, Заев не прифаќа одложување

Пописот ке се спроведе наредната година и тоа според стандардите на Евростат, дециден е премиерот Заев. За него не постои опција попишувањето на населението да се одложи за 2021 година.

Се знае, така е секаде во светот. Треба да се седне и да се даде пас. Пробниот попис успешно помина. Се чека законот да биде усвоен во Собранието. Од разговор со директорот на Статистика имам сознанија дека нема суштествени забелешки од опозицијата за законот за попис. Дефинитивно ќе има попис идната година. Ако се одржеше попис во 2011 година можеби и ќе имаше основа пописот да се одложи за 2021 година, но не се одржа.Нема одложување на пописот .

За разлика од ваквиот оптимизам на премиерот, расправата за пописот во  Собранито за пописот никако да мрдне од мртва точка. Денеска по вторпат   беше одложена дебатата во Комисијата за европски прашања.

Ова е веќе втор обид како се обидувам Законот за попис во 2020 година да го ставам на седница на Комисијата за европски прашања, но и двата пати по бараање на двете најголеми парламентарни партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се одложува дебата за овој закон поради потреба од дополнителни консултации и доближување на ставовите по Предлог-текстот на законот. Затоа денеска ја отворивме седницата, го утврдивме дневниот ред со таа точка и ја прекинав седницата за да дозволам простор за усогласување помеѓу политичките партии врз основа на Предлог-текстот.

Опозицијата се согласува дека на земјата и треба европски закон за пописот, но не остапува од ставот дека  решението кое го предлага Владата не е такво. Спорна точка според нив е што со предлог законот се предвидува и попишување на дијаспората дури и ако граганите во моментот не се во државата, а нивните податоци ке можат да ги датат блиските роднини.

Апсолутно е приоритет да имаме попис во Република Македонија според критериумите на Евростат, на ЕУ и ОН. Овој вака предложен закон од власта на Зоран Заев и неговиот Завод за статистика во кој немаме никаква доверба апсолутно не е на таа линија. Законот треба да се повлече и да се види што и како понатаму затоа што граѓаните се масовно незадоволни од Предлог-законот за попис, рече Ѓорчев.

Последниот попис во Македонија е направен во 2002 –та година. Неуспешен обид за попишување на анселението имаше во 2011.