Повик за старт-ап бизниси за развој и промоција на туризмот во Источниот регион
Центарот за развој на Источен плански регион објави повик за млади невработени лица и жени со постојана адреса на живеење во општините во рамки на Источниот плански регион кои имаат претприемачки дух и визија за започнување на сопствен бизнис.
Андреа Златковска од Центарот за развој на ИПР вели дека целта на Јавниот повик е да се зајакне соработката со приватниот сектор преку поддршка на старт-ап бизнис идеи поврзани со развој на еко туризам и промоција на регионот како туристичка дестинација, во согласност со Стратегијата за развој на туризам во Источен плански регион со Акционен план 2016-2025 година.
-Во рамките на овој повик за предлози, подобни апликанти кои можат да поднесат концепт идеи се лица со постојано место на живеење во општините во Источен плански регион, кои имаат претприемачки дух и визија за започнување на сопствен бизнис која ќе придонесе кон развој на еко туризам во Источен плански регион. Приоритетен фокус на овој Јавен повик ќе бидат младите невработени лица и жените, вели Златковска.
Таа додава дека јавниот повик е ориентиран кон иновативни идеи кои придонесуваат кон долгорочен развој на close-to-nature туризам, од кој што бенефит ќе има локалното население.
-Предлог на области кон кои можат да се фокусираат концепт идеите се развој на туристички услуги, поврзани со воспоставување и функционирање на туристички рути и тематски пакети, употреба на информатички технологии за промоција и обезбедување на туристички услуги, одржливо користење на природните ресурси за собирање и подготовка на производи во контекст на туристичка промоција, промоција на туристичка дестинација, потоа брендирање на туристички производи, адаптација, односно реконструкција на сместувачки објекти за туристи како што се постоечки селски куќи, викендици, потоа адаптација или реконструкција на објекти за подготовка и послужување на традиционална храна, рече Златковска.
Во рамките на овој повик, максималната финансиска поддршка која е обезбедена преку Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија, фаза два за имплементација на концепт идејата и регистрација на компанија изнесува 287.500 денари без ДДВ. Заинтересираните кандидати имаат можност електронски да аплицираат заклучно до 30 август 2019 година, на формулари објавен на веб страницата на Центарот за развој на Источен плански регион. Селектираните апликанти заедно со експертите ќе разработат бизнис план и детален опис на бизнис идејата. Во втората фаза на селекција ќе бидат избрани 15 разработени бизнис планови кои ќе добијат финансиска поддршка за реализација.Овој повик се реализира во рамките на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2 и е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координиран од страна на Фармахем – Скопје, чиј стратешки партнер е Центарот за развој на Источен плански регион.http://eastregion.mk/118-mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/1145-javen-povik-za-poddrshka-na-start-ap-biznisi-za-razvoj-na-eko-turizam-i-promocija-na-istochen-planski-region-kako-turistichka-destinacija
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје