Баша со демонстрантите: Нема да се дозволи уривање на театарот
Лидерот на најголемата опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша им се придружи на демонстрантите пред Националниот театар во Тирана, кои се против уривање на објектот.
Во обраќањето тој рече дека уривањето на театарот е „криминален проект и служи за перење пари од дрога“.
– Нашиот став и понатаму е ист. Тука Еди Рама сака да испере 200 милиони евра, со веќе осудувани архитекти во Италија. Ова е едно мафијашко сценарио со кое Еди Рама сака на Албанија да и го уништи Националниот театар и да ги испере парите од канабис. Конечно, пред секој Албанец се потврдува дека немаме влада, туку банда, обвини Баша.
Посочи дека театарот го заштитуваат актерите, но оти и тие се тука „да не ја дозволат оваа кражба“.
Она што денеска се обидуваат да го направат овде, додаде Баша, ќе се случи во секоја албанска куќа, како што се случува кај новата обиколница и која било друго место во Албанија.
На протестот кој почна утринава на кој учествуваат членови на Алијасата за заштита на театарот и граѓани се придружија и поранешни пратеници од редовите на Демократската партија.
Претходно Баша се закани дека доколку некој се осмели да стави динамит на театарот истото ќе ги снајде и нивните домови.
Ново на Сител
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час