Денеска ќе се знаат резултатите од гласањето на конзервативците за нов лидер и британски премиер

Околу 160.000 членови на британската владеачка Конзервативна партија вчера попладне го завршија гласањето за нов лидер на партијата, кој воедно и ќе ја наследи Тереза Меј на премиерската функција, а резултатот од изјаснувањето денеска ќе биде соопштен.
Конзервативците се изјаснуваа меѓу поранешниот градоначалник на Лондон и актуелниот шеф на дипломатијата, Борис Џонсон и Џереми Хант.
Според анкетите, Џонсон, кој вети дека Велика Британија ќе ја изнесе од ЕУ со или без договор, е фаворит во оваа изборна трка, пренесуваат американските медиуми.
Неколкумина членови на владата на Меј веќе најавија дека ќе поднесат оставки пред Џонсон да стапи на новите должности и самиот да ги отпушти заради противењето на неговата намера Велика Британија да ја изведе од Европската унија без договор.
Министерот за Европа и Америка, Алан Данкан вчера поднесе оставка, а оставки пред три дена најавија и министерот за финансии Филип Хамонд и министерот за правосудство Дејвид Гок.
Ново на Сител
-

Трамп: Иран е принуден да попушти под притисокот на американските и израелските напади
-

Мицкоски: Нафта има, граѓаните треба да бидат спокојни, Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената
-

Мицкоски: Нема силна економија без силни универзитети, нема модерна држава без образовани и мотивирани млади луѓе
-

На Меѓународниот аеродром Скопје откриени непријавени 150 илјади британски фунти
-

Седум години Ивана била тепана, малтретирана и навредувана од Стојанче, на денот на самоубиството се заканил дека ќе ја убие
-

Ѓорѓиевски: Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи, приоритет ќе имаат двата паркинга на Клинички
-

Експлозии и сирени за воздушна тревога во Ерусалим
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје утре поради протестен марш по повод меѓународниот ден на жената
