Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието денеска ќе заседаваат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство, за финансирање и буџет и за образование, наука и спорт.
Пред Комисијата за земјоделство се предлог – измените и дополнувањата на Законот за земјоделското земјиште во второ читање и на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во прво читање, додека пред Комисијата за образование се Предлог – законот за основното образование и Предлог – законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, двата во прво читање.
Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на правата на пациентите во прво читање е на дневен ред на Комисијата за здравство, а членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе расправаат по Предлог – завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2018 година, со Конечен извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на усогласеност за 2018 година на Основниот буџет.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје