Пендаровски-Галовеј: Северна Македонија модел за успешна трансформација во регионот

Северна Македонија во изминатиов период вложи огромен труд и напори во исполнувањето на интеграциските процеси и денес претставува модел за успешна трансформација за сите држави од регионот, е истакнато на денешната средба меѓу претседателот Стево Пендаровски и британската амбасадорка Рејчел Галовеј.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот, беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и за актуелните случувања и предизвици во регионот. Двајцата соговорници изразија задоволство од развојот на севкупните односи меѓу двете држави, кои ги карактеризира заемно пријателство, меѓусебна доверба и цврсто партнерство.
Било констатирано дека Обединетото Кралство е наш долгогодишен партнер и поддржувач на реформите во одбранбениот и безбедносниот сектор, како и во областа на правосудството, јавната администрација и транспарентноста на јавните институции.
Пендаровски изрази увереност дека Обединетото Кралство, како цврст партнер и пријател на Северна Македонија, ќе продолжи со конкретната поддршка и помош во остварувањето на нашите стратешки приоритети. Во тој контекст, Претседателот изрази очекување долгогодишното партнерство во рамките на НАТО да биде заокружено со нашето членство во Алијансата, на состанокот на лидерите, којшто ќе се одржи во Лондон, во декември 2019 година.
Амбасадорката Галовеј упати честитки до претседателот Пендаровски за стапувањето на функцијата и му посака успех во вршењето на должноста, притоа изразувајќи подготвеност за натамошно унапредување на соработката и зајакнување на традиционално пријателските односи меѓу двете држави.
Ново на Сител
-

Освоена ЏОКЕР премија со 6 погодоци во вредност од 3.152.640 денари
-

ВМРО-ДПМНЕ: Посакуваме Данела да се надмине и да ги победи своите стравови и болки, борбата со таквите демони не е лесна
-

Менди Ќира го продава луксузното „Ауди“ на Мерко и најави отказ за сите што земаат плата а не одат на работа
-

Зголемено нивото на реката Вардар кај Јегуновце и Демир Капија
-

Мицкоски: Не се блокирани средствата за ИПАРД од ЕК, се ќе истражиме
-

Осуммина уапсени поради обложување, суспендирани над 1.000 турски фудбалери
-

Нагелсман: Целокупната ситуација во Ливерпул не му ја олеснува работата на Вирц
-

Синер поуспешен од Оже-Алиасим на Завршниот АТП турнир
