Чавушоглу во Скопје на средби со Заев, Димитров и Османи
Шефот на дипломатијата на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, по покана од министерот за надворешни работи Никола Димитров, престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји и можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес, се темите за кои ќе разговараат на денешната средба министрите Димитров и Чавушоглу, најавија од МНР.
За време на посетата, во просториите на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Димитров и Чавушоглу официјално ќе ја пуштат во употреба техничката опрема за дигитализација на дипломатскиот архив на Министерството. Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Турција, а финансиран од турската агенција за соработка и развој – ТИКА.
Се предвидува министерот Чавушоглу да се сретне и со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Осман
Ново на Сител
-

Потпишан меморандум меѓу Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР за безбедност во сообраќајот
-

Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран
-

Њујорк избори финале во плејофот на НБА
-

Француската влада соопшти за седум смртни случаи поврзани со топлотниот бран во земјата
-

Почина Мартин Треневски, новинар и поранешен министер и дипломат
-

„Кроација ерлајнс“ ја намалува фреквенцијата на летови од Загреб до Скопје и Сараево
-

Алварез би можел да го напушти Атлетико ова лето
-

Рама денеска ќе учествува на 8-та Меѓувладина конференција Албанија - ЕУ во Брисел

