Франција најави создавање команда на вселенски сили
Францускиот претседател Емануел Макрон во предвечерието на националниот празник на Франција – 14 јули, обраќајќи и се на армијата во Министерството за одбрана, најави создавање команда на национални воени вселенски сили, што ќе биде дел од воздухопловните сили на Франција, јави дописникот на МИА.
– За да се гарантира развојот и зајакнувањето на нашиот капацитет во вселената, во септември ќе биде создадена Врховна команда за вселената, рече Макрон пред војниците и офицерите во Министертвото за одбрана во хотелот Де Бриен.
Макрон зборуваше за „новите зони на конфронтации“, како што се вселената и кибер просторот, а според него тоа се „вистински проблем за националната безбедност“.
– Новата вселенска и воена доктрина, која ми беше предложена од Министерството за одбрана, ќе ни овозможи да ја гарантираме нашата заштита во вселената. Ќе ги засилиме знаењата за ситуацијата во вселената, ќе ги заштитиме подобро нашите сателити, додаде тој.
Франција има план за воени трошоци за 2019-2025 година, издвојувајќи 3,6 милијарди евра за одбраната во вселената. Ова вклучува обновување на комуникациските сателити за набљудување, пуштање во орбитата три сателити за електромагнетно набљудување на ЦЕРЕС и модернизација на системот за просторен радар за следење, наречен ГРАВЕС.
Ново на Сител
-
Приведен маж од Свети Николе поради предизвикување пожар
-
По 45-ти пат во Охридското Езеро утре ќе се плива традиционалниот Илинденски пливачки маратон
-
Ангелов: До крајот на денот се очекува да пристигнат летала и тимови од неколку земји за справување со пожарите
-
За продолжениот викенд многу топло време со попладневна нестабилност
-
Илинденско послание на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан
-
Црвен крст отвори жиро-сметка за донации и СОС линии за психолошка прва помош за настраданото население од пожарите
-
Kривична пријава за 17-годишен малолетник кој нападнал и силувал малолетничка и двајца возрасни кои во неколку наврати физички ја нападнале
-
Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш