Лошиот шеф е штетен по здравјето
Околу 400.000 американски работници од сите профили биле опфатени во истражувањето со наслов „Довербата на работното место и ризикот од кардиоваскуларни заболувања”. Резултатите потврдуваат „ако имате неподнослив шеф, имате и поголеми шанси за срцев удар“.
Можеби поедноставено е толкувањето на трудот објавен во Меѓународниот дневник за истражување на животната средина и здравјето, од Швајцарија, кое посочува дека лошата работа е поврзана со срцевите заболувања.
Најчести причинители за проблемите со срцето се цигарите, нездравата исхрана, алкохолот, но и стресот и психичкото малтретирање.
Па така, луѓето кои не му веруваат на својот шеф имаат поголема веројатност да посегнат кон цигарите и се поизложени на опасност од висок крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта. Под недостаток на доверба во деловниот однос се подразбира состојба во која „не може да има взаемно разбирање, искреност и почит меѓу претпоставениот и подредениот”, се вели во написот.
Значи, ако имате шеф кој не ве почитува, се изложувате на ризик од кардиоваскуларни болести, кои се најчеста причина за смрт во светот.
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено