Комисијата за култура не го разгледа законот за управување со природното и културното наследство во Охрид
![]()
Се одложи расправата за предлог законот за управување со природното и културното наследство во охридскиот регион.
По барање на пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ, почетокот на седницата на Комисијата за култура, побара да биде во 14 часот заради одржување на пленарната седница.
Според Лашкоска, поставувањето на законот на дневен ред на комисијата на еден час пред почеток на пленарна седница било очигледна намера да се замолчи опозицијата во дебата за законот. Додаде дека законот во влада поминал на 28 мај а во собранието пристигнал на 10 јуни, период во кој според Лашкоска, е правен коалициски пазар.
Пратеничката од ЛДП, Никица Корубин, побара и поширока јавна дебата по законот, не само собраниска расправа.
Инаку предлог законот за управување со природното и културното наследство во охридскиот регион пред матичната комисија за култура е во прво читање.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
-

Успешна акција за извлекување на тројца планинари од планината Бистрица
