Средба Заев-Тимоние: Одговорно однесување од сите политички чинители, за прашањата од државен интерес

Премиерот Зоран Заев имаше средба со амбасадорот на Француската Република во земјава, Кристијан Тимоние. На средбата, како што соопшти владината прес-служба, било констатирано дека Франција е голем пријател на Северна Македонија и дека искреното пријателство помага во демократските и интеграциските процеси на нашата држава.
Премиерот Заев информирал за споделената определба со францускиот премиер Едуар Филип во Познањ, Полска, да се интензивираат и билатералните односи меѓу двете земји, со унапредувања во повеќе области, меѓу кои и економијата.
На состанокот со францускиот амбасадор било разговарано и за имплементацијата на потребните реформи и за важноста од покажување одговорност од страна на сите политички субјекти и општествени чинители, за прашањата од државен интерес.
-Силно сме посветени на практична имплементација на сите донесени закони и реформски чекори. Нашата определба како Влада е, во следниот период, заедно со опозицијата, уште пофокусирано да се посветиме на решението за Законот за јавно обвинителство. Ефикасно правосудство и борба против корупцијата се двете важни области за нашата држава, што е европски определена и очекува исчекор во октомври во делот на евроинтеграциите, рекол Заев на средбата со францускиот амбасадор.
Премиерот разговарал со Тимоние и за економските чекори што ќе се преземат со цел зголемување на платите и пензиите и поголем економски раст, за граѓаните да почувствуваат скорешни директни бенефити во квалитетот на живот.
Ново на Сител
-

Автомобил се судри со трактор на патот Градско – Прилеп
-

Хибридите и моторите со внатрешно согорување можат да останат: ЕК го намали целниот процент за нулта емисија до 2035-та
-

Кушнер се повлече од белградскиот проект „Трамп“ вреден 750 милиони евра; Вучиќ: Ова е многу лоша вест
-

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД – услов за мировен договор, нагласи Зеленски
-

Детски психијатар од Хрватска злоставувал малолетни деца и им давал дрога
-

Песков: Русија сака мир, а не кратко примирје
-

Тешко повреден малолетник на „томос“ по направена сообраќајка
-

Благодарение на ЗХГ ќе нема огномет на новогодишната прослава на плоштадот во Скопје
