Бизнис
8. July 2019 - 16:24

Ќе се поврземе ли енергетски со Албанија?

Ќе се реализира ли најголемата инвестиција во енрегетскиот сектор? Деновиве во јавноста излезе информацијата дека  проектот вреден 48 милиони евра за изградба на 400 киловолтен далековод и трафостаница во Охрид со кој земјава енергетски треба да се поврзе со Албанија доцни веќе две години и има опасност да пропадне. Како причина за доцнењето се наведуваат  несогласувањата на генералниот директор на Мепсо,  Сашо Василевски и група вработени кои му се спротиставуваат за начинот на кој тој замислил  да биде спроведен  тендерот. Според информациите Василевски инсистирал тендерите за далноводот и трафостаницата да се спојат во еден, а неговите противници сметата дека со тоа инвестицијата ќе поскапи  за најмалку 20 отсто. Како што пишуваат дел од медиумите ако до декмеври работите не почнат да се спроведуваат , освен што ќе треба да се плаќаат пенали кон ЕБОР, од каде се обезбедени средства, постои опасност проектот да пропаде затоа што договорот за користење на заемот со банката завршува токму тогаш. Од друга страна, на терен работите не се отпочнати и не е обезбедена ниту градежна дозвола.

Од Мепсо пак ги демнатираат овие информации. Во реакцијата велат дека со овие  невистини некој се обидува да го наруши угледот на директорот Васиелвски, а со тоа и на самата компанија.

Посочуваат дека не само што не постои опасност да пропане проектот, туку работите на терен се интензивираат и ќе бидат објавени два тендери и тоа овој месец.

Договорите за овие капитални објекти кои се очекува да бидат склучени оваа есен ќе го зголемат интензитетот на активности по заемот, а со тоа и повлекувањето на средствата од кредитната линија. Оттаму лага е дека целиот проект ќе пропадне. 

Процесите беа закочени од страна на претходното раководство и претходните проектни тимови, а  заради неквалитетно завршени проектни задачи  наследивме и многу отворени прашања. Инженерите и други стручни лица во МЕПСО со многу напор и енергија дојдоа до решенија со кои проектот се помрдна од мртва точка и забрзано се оди кон тоа да финишира со објавување на меѓународни тендери кои се изработуваат по правилата на ЕБОР. Во делот на паушално изнесените наводи дека проектот нема градежна дозвола појаснуваме дека процесот за добивање одобрение за градба тече независно  и  не е поврзан со објавувањето на тендерите, се вели во реакцијата на компанијата.

Вкупниот заем кој го одбори ЕБОР за изградба на овој проект е 37 милиони, а 12 милиони евра се грант.