Македонија
4. July 2019 - 16:11

Мицотакис: Нема можност за еднострано раскинување на Преспанскиот договор

Преспанскиот договор не може еднострано да се поништи, вели во предизборно интервју лидерот на опозицијата Мицотакис, кој според анкетите најверојатно ке биде и новиот премиер на Грција.

Мојата процена е дека еден меѓународен договор, ратификуван од грчкиот Парламент не се поништува еднострано. Ако го прочитате договорот, самиот договор не остава простор за еднострано поништување. Затоа бев многу искрен со грчкиот народ во Парламентот и сите пратеници ги поставив пред нивната одговорност. Им реков внимавајте што правите бидејќи овој договор, ако се ратификува, многу тешко ќе се смени во иднина. За жал договорот е ратификуван, рече Мицотакис

Мицотакис најави  дека иако  ја  прифака реалноста на постоење на Северна Македонија,  планира да  спроведе голема мегународна кампања за заштита на брендот македонски за грките компании и производи.

Стотици бизниси во Северна Грција  кои го користат името Македонија или придавката македонски  се чувствуваат незаштитени. Ние ке се обидеме да ги заштитиме нивниот бренд така што ке спроведеме мегународна кампања. Ке им објасниме на странците дека кога зборуваме за Македонија , се работи за грчка Македонија, класичната цивилизација. Ние ке победиме во таа комуникациска игра така Што ке ја смениме јавната перцепција  

Лидерот на опозицијата го повтри ставот дека  Ципрас го разменил името за економска помош, што било прво договорено со Јункер, а потоа и на средбите Ципрас Меркел.

Парламентраните избори во Грција ке се одржат во недела, а споре последните истражувања на јавното мислење, Нова демократија има пердност од 13 проценти пред владеачката Сириза.