Бизнис
28. јуни 2019 - 16:30

Од 1 јули струјата по иста цена како досега

Цената на струјата  останува иста. Нема да има ниту поевтинување ниту поскапување.  И  покрај  тоа што на регионалниот пазар има раст, поради рентабилното работење на ЕЛЕМ, регулаторна донесе одлука да не ја поскапи струјата.  ЕЛЕМ за  снабдувачот  ЕВН ХОУМ веќе ги обезбеди потребните количини струја и тоа по цена од  34, 5 евра за мегават час што е за 15 отсто помалку од лани.

Од регулаторна информираат дека во периодот  на евтина струја од 14 до 16 часот потрошувачката е  зголемена   за околу 8 отсто.

Велат дека засега нема потреба од увоз на електрична енергија. Иако лошо работат хидроцентралите, функционалноста на РЕК Битола е одлична и од таму се обезбедуваат  најголемите количини.

Од први јули новоформираната фирма ЕВН ХОУМ  има обврска да обезбеди струја  за сите домаќинства кои со либерализацијата не излегоа на слободен пазар. Граѓание наместо од ЕВН Македонија сметки ќе добиваат од ЕВН ХОУМ. Засега од либерализацијата  бенефит имаат повеќе фирмите затоа што тие на слободен пазар ќе плаќаат од 25 до 30 отсто поветина струја.

Новата цена на струјата важи од први јули до средината  на идната година кога повторно ќе има нова корекција.