Малолетник повреден откако 76-годишник пукал со воздушна пушка бидејќи му сметала вревата пред зграда
Еден малолетник е повреден кога 76-годишно лице пукало со воздушна пушка од својот балкон, бидејќи му сметала вревата која децата во средата навечер ја правеле играјќи пред зградата. Возрасниот тетовец подоцна е приведен во полициска станица.
– Во раните утрински часови денес во СВР Тетово е приведен С.К. (76) поради пријавата дека вчера околу 22 часот од балкон на зграда на ул.„Железничка“ во Тетово од воздушна пушка испукал кон малолетници кои биле пред зградата. Притоа, погодил еден малолетник кој се здобил со телесни повреди. С.К. рекол дека причина била вревата што ја правеле малолетниците пред зградата, информираат од СВР Тетово.
Малолетникот е пренесен во Клиничката болница во Тетово, но нема информации за неговата здравствена состојба. Полицијата известила јавен обвинител и продолжува со процедурите за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Во кумановскиот затвор се обеси убиецот на Танкица Младеновска од Кочани
-
Пожар во гаража во Ново Лисиче, причинета материјална штета
-
Приведен жител на неготинско село кој не почитувал судска наредба и се заканувал на мајката и братот
-
Земјотрес регистриран во Македонија
-
Четворица повредени при пад на мал авион врз куќа во Колорадо
-
Номиниран јавен обвинител за следење на предметите за кривични дела од омраза и дискриминација
-
Поплави во Сиднеј
-
Уште еден Србин обвинет за воени злосторства во Косово