Светот произведува и троши сè повеќе пластика
Додека на глобално ниво производството на пластични материи расте, во Европа опаѓа, покажуваат податоци на водечкото европско здружение на производители на пластика Пластиксјуроп (PlasticsEurope). Со 359 милиони тони пластика, колку што во 2018 година во светот биле пуштени на пазарот, забележан е пораст од 3,2 отсто во однос на претходната година.
Од 1990 година производството на пластика во светот е повеќе од тројно зголемено, пишува партнерот на Еурактив, Журнал де л’анвиронман (Journal de l’Environnement).
Со удел од 30 проценти, Кина сè уште цврсто ја држи „водечката позиција“ меѓу производителите. Во таа земја количината на произведената пластика во однос на 2017 година се удвоила. Генерално гледано, значително повеќе од 50 проценти од производството на пластичните материи отпаѓа на азиски земји.
Порасна, меѓутоа, и продукцијата на пластика на северноамериканскиот континент и таа сега изнесува 18 проценти од вкупното светско производство. Тој раст на производството го поттикнаа пред сè новите неконвенционални гасни електрани во САД.
Европа, како што изгледа, благо отскокнува од глобалниот тренд. Откако производството на пластика во Европа уште во 2017 година порасна за 3,4 отсто, наредната, 2018 година падна за 4,3 проценти.
Тоа, меѓутоа, лесно би можело да биде и последица од значителниот пораст на увозот од САД, за цели 26 проценти. За разлика од отворениот европски пазар, Кина, делумно и поради тековните царински несогласувања меѓу двете земји, ги затвори своите пазари за тој вид американски производи.
Воедно, кај европската потрошувачка на пластика забележан е благ пораст од 0,4 отсто, и тоа пред сè благодарение на секторите за амбалажа и градежништво, каде што тој пораст на потрошувачка е убедливо поголем отколку во автомобилската индустрија.
Франција забележа двојно намалување – за 5,1 проценти во производството и 2,6 отсто во потрошувачката или употребата на пластични материјали.
На прашањето дали тоа има врска со европската, и уште построгата француска регулатива поврзана со пластиката за еднократна употреба, во здружението Пластиксјуроп рекоа дека е „прерано“ врз основа на таков маргинален пад да се извлекуваат заклучоци за „долгорочна промена на трендот“.
Сепак, според податоци на француското Национално здружение на рециклатори на пластика, побарувачката за рециклирана пластика во истиот период се зголемила за 14 проценти.
Моментално, најзастапени видови пластика во светот сè уште се полиетилен (27 %), дуропласт (21 %), полипропилен (19 %) и поливинил хлорид, или ПВЦ (13 %).
Полиетиленот терефталат, скратено ПЕТ, кој најмногу се користи за производство на амбалажа за пијалаци, релативно лесно се рециклира, но моментално изнесува само шест проценти од глобалното производство на пластика.
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион