Пендаровски: Не бараме незаслужена награда, туку заслужената шанса
Во јуни Европската Унија има историска можност да покаже лидерство и визија за иднината на нашиот регион со тоа што ќе и додели датум за преговори на Северна Македонија. Граѓаните на Северна Македонија не бараат незаслужена награда, туку заслужена шанса за изградба на европска држава со праведно, хумано и напредно општество, порача претседателот Стево Пендаровски на зедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.
– Пред две недели го добивме најдобриот и најпозитивниот извештај на ЕК за нашата земја. Не само што добивме чиста препорака за почеток на прероговите туку бевме посочени како светол пример во Западен Балкан. Тоа го направивме со решавање на децениски прашања. Донесовме храбри одлуки за многу чувствутелни прашања за нашите граѓани со цел да ја отстраниме најголемата пречка во процесот на зачленување и во ЕУ и во НАТО. Со договорот за добросоедство со Бугарија и со Спогодбата од Преспа се ослободивме од товарот во минатото. Северна Македонија е единствената земја во регионот која веќе нема отворени прашања со соседите. Покрај тоа испорачување реформи во многу клучни области и се усогласуваме со политиката на ЕУ. Свесни сме дека се потребни уште реформи и оти имаме слабости, ни претстои многу работа. Но морам да истакнам една реалност – ние сме најефикасни кога пред нас имаме задачи, а преговорите за членство се најдобрата реформска алатка, истакна Пендаровски.
Посочи дека членството во ЕУ и НАТО е стратешка определба на државата и на огромното мнозинство граѓани. Потсети и на улогата на земјата во справувањето со мигрантската криза во 2016, а со тоа и во зачувувањето на европската безбедност. – Со тоа покажавме дека сме цврсти европски партнери, рече Пендаровски на заедничката прес-конференција со Туск.
Ново на Сител
-
Запленет златен накит вреден 1,3 милиони денари кој две жени се обиделе да го шверцуваат на Богородица | ФОТО
-
Славески: Трите големи банки соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите
-
Во Прилеп почнуваат чествувањата за Карпалак
-
Аква паркот кај „Борис Трајковски“ затворен поради истечена гаранција на реквизити и економска неисплатливост
-
Кремљ: Путин прифати средба со Трамп
-
Казнети 46 возачи на електрични тротинети
-
Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба