Квалификации за ЕП:Косово славеше во Бугарија
Косовците против Бугарија први дојдоа во водство преку Милот Рашица во 14. минута, но Попов и Димитров направија пресврт за 2:1 водство, пред Муриќи да израмни во 64. минута. Трите поени и заддржување на шансите за пласман на ЕП ги донесе Елбасан Рашани во 93. минута по асистенција на Рашица.
Шпанија со два гола од пенал (Мората и Рамос) стигна до 3:0 победа над Шведска во дербито во групата Ф за по четири кола да има максимални 12 поени, додека лидерското место не го дава ниту Украина во групата Б по минималната 1:0 победа над Луксембург. Србија пак, успеа да стигне до 4:1 победа над Литванија за кревање на мотивацијата по катастрофалниот пораз од Украина во петокот (5:0).
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА А
Бугарија – Косово 2:3
Чешка – Црна Гора 3:0
Табела: 1.Англија 6, 2.Чешка 6, 3.Косово 5, 4.Бугарија 2, 5.Црна Гора 2
ГРУПА Б
Србија – Литванија 4:1
Украина – Луксембург 1:0
Табела: 1.Украина 10, 2.Луксембург 4, 3.Србија 4, 4.Португалија 2, 5.Литванија 1
ГРУПА Д
Данска – Грузија 5:1
Ирска – Гибралтар 2:0
Табела: 1.Ирска 10, 2.Данска 5, 3.Швајцарија 4, 4.Грузија 3, 5.Гибралтар 0
ГРУПА Ф
Фарски Острови – Норвешка 0:2
Шпанија – Шведска 3:0
Малта – Романија 0:4
Табела: 1.Шпанија 12, 2.Шведска 7, 3.Романија 7, 4.Норвешка 5, 5.Малта 3, 6.Фарски Острови 0
Ново на Сител
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење