Промоција на „Европска младинска картичка“

Премиерот Зоран Заев, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова денеска ќе ја промовираат „Европска младинска картичка“.
Проектот „Младинска картичка“ беше најавен кон крајот на 2018 година, а Владата ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на овој проект во март годинава на 127. владина седница.
Проектот е наменет за младите од 15 до 29 години и има за цел да го олесни и подобри нивното секојдневие со поволности што ќе опфатат повеќе категории, попусти во угостителски објекти, трговија, пристап до едукативни центри, културни и спортски настани, како и за патувања во земјава и во странство.
Владата донесе и заклучок одредени министерства да се вклучат во проектот, како и препорака за единиците на локална самоуправа да станат дел од овој проект.
Втората фаза од „Младинска картичка“ е вклучување на националната картичка кон системот „Европска младинска картичка“, кога младите од нашата земја ќе можат овие бенефиции да ги уживаат и во земјите членки на ЕУ.
Директорот на АМС Дарко Каевски во април годинава за МИА изјави дека се размислува оваа картичка од година во година да се надградува со цел младите да можат да уживаат во поволностите и во другите европски држави.
Ново на Сител
-

Нудел помош на граѓани при подигнување пари од банкомат, па им земал дел од парите
-

Ристо Самарџиев по 17 години повторно на сцената на „Макфест“
-

Европол: Екстремистите користат „онлајн“ игри за ширење пропаганда и регрутирање млади луѓе
-

Вознемирувачка снимка: Снимен моментот на уривањето на авионот во Флорида во кој загинаа 9 лица
-

Шведска се враќа на старото: Наместо таблети и компјутери, учениците повторно учат од книги и пишуваат со рака
-

Јанев: Финансиските истраги и одземањето на незаконски стекнатиот имот како клучни приоритети во борбата против организираниот криминал
-

Средношколците и студентите повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција
-

Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 отсто од 1 јануари 2027
