Седница на Уставен суд
Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата поднесена на член 51 од Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување.
Со овој член е предвидено брокерските друштва кои склучуваат осигурителни полиси со граѓаните и правните лица во определен рок од една година да ги уплатат средствата што ги собрале на осигурителните компании.
Како што појаснуваат од Судот, осигурителните компании пак претходно склучуваат договори со брокерските друштва и на база на тие договори треба да им дадат награда, затоа што брокерите им носат пари.
Според подносителот на иницијативата - Асоцијацијата на осигурително брокреските друштва при Стопанската комора на Македонија оваа законска одредба требало да определи и рок во кој осигурителните компании треба да им даде надомест/награда на брокерите за извршената работа.
Уставниот суд ја отфрли иницијативата затоа што ја цени уставноста на законите кои ја имаат регулативата во правниот поредок, но не и она што го нема, а требало да биде регулирано.
Судот не може да биде во ситуација да наметнува на законодавецот да го регулира прашањето што не било регулирано.
Ново на Сител
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија
-
Велики четврток - почнуваат велигденските празнувања
-
Во Србија продолжува парламентарна расправа, се чека гласање за новата влада
-
САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина
-
Бајден: Економскиот раст на Кина, Јапонија, Индија и Русија слабее поради ксенофобијата
-
Нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер
-
Состојба на патиштата
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации