Владата попладнево ќе ја одржи 138-та седница

Информацијата за воспоставување нов електронски систем за процесот на стратешко планирање и за подготовка и следење на реализацијата на проекти, програми и исполнување на заклучоци од Владата на Република Северна Македонија е на дневен ред на денешната 138-ма владина седница.
Владата ќе ја разгледа и Информацијата за поврзаност на мултиплатформскиот систем за е-влада со системот за следење на трошоци, со план за имплементација и пуштање во продукција на системот за евидентирање и одобрување на трошоци, што ќе ги презентира Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.
На предлог на Министерството за труд и социјална политика, членовите на Владата ќе бидат информирани за ревидираниот Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година.
Владата денеска ќе се произнесе и по конечниот извештај на овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2017 година на ЈРП Македонска радиотелевизија.
На седницата, Владата ќе го разгледа и ќе донесе мислење и за Извештајот за реализација на Планот за имплементација на гаранција за млади.
Ново на Сител
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
