Хазби Лика доби функција во разузнавачките служби

Вицепремиерот за рамковен договор, Хазби Лика, ќе биде член на Советот за координација на разузнавачката заедница. Лика автоматски ја добива оваа позиција, согласно законот за координација кој вчера го потпиша претседателот, Стево Пендаровски. Според законот вицепремиерот за рамковен договор е еден од осумте члена на советот кој ќе ги координира разузнавачите активности.
Токму Лика беше министер од Владата за кој беше очигледно дека ќе биде „изметен“ со реконструкцијата што ја најави Заев. Неговата работна етика и непојавувањето на работно место беше јавно критикувано од премиерот Заев, но и од неговата матична партија ДУИ.
За ова реагираа од партијата Граѓанско Демократска Унија.
„Кога сите очекуваа дека Хазби Лика ќе „лета“ тој си доби и нова функција. И внимавајте, истиот тој, ќе биде дел од телото кое ќе ги спроведува предлозите на највисокото безбедносно тело – Советот за национална безбедност. И иронијата да биде поголема, пратениците кои изгласаа да се укине секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и да се формира ново министерство , истите тие народни избраници сега му обезбедија место на Лика во Советот за координација на разузнувачката заедница.
Да потсетиме дека Лика е професор по албански јазик и книжевност. Весникот „Време“ во декември 2004 година објави дека во МВР постоела службена белешка оти Лика познат како командант Чела, за време на конфликтот во 2001 година бил еден од дваесеттемина учесници во озогласениот масакар кај Вејце, во кој беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и припадници на полицијата. За истиот тој Лика, додека бил градоначалник на Тетово, Државниот завод за ревизија во извештајот за состојбата со буџетската потрошувачка за 2009 година, утврди дека биле потрошени 5,3 милиони денари од буџетот, кои не биле во согласност со законската регулатива“, стои во соопштението на ГДУ.
Ново на Сител
-

Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот
-

Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска
-

СП 2026: Можно е одложување на финалето на Мундијалот
-

Втора македонска ракометарка во дресот на Црвена Звезда
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
