Тројца српски припадници на косовската полиција уапсени во акција на полицијата во Косово

Тројца Срби, припадници на косовската полиција, се уапсени во акција на косовските специјални единици Росу, јави Танјуг. Акцијата била извршена во неколку општини на север во Косово.
Други белградски медиуми јавија дека досега се уапсени шест српски припадници на косовската полиција – тројца од Косовска Митровица, двајца во Звечан и еден од Зубин Поток.
Министерството за внатрешни работи на Србија ги стави во состојба на целосна подготвеност специјалните и посебните едници на полицијата. Наредбата е издадена по упадот на специјалните единици на косовската полиција – Росу на север во Косово.
Единиците Росу упаднаа утрово со оружје на север во Косово.
Директорот на српската валдина канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ рече дека косовските специјални единици, со оружје упаднале на север во Косово „со цел да заплашат и предизвикаат паника со апсења што претходните денови ги најави претседателот Александар Вучиќ“. Ѓуриќ додаде во изјават за РТС, дека биле регистрирани и истрели од огнено оружје и дека има информации за апсења.
Ново на Сител
-

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах
-

Руте: Нуклеарните вежби покажаа дека НАТО има силни сили за одвраќање
-

Лишени од слобода возачи во Валандово, Битола и Кочани, возиле под дејство на алкохол
-

Приведени две лица од дебарско поради грабнување и силување
-

УХМР: До вторник облачно време со дожд, потоа стабилно и суво
-

Портпаролката Марија Захарова го исмеа Бајден
-

Превземени мерки за случајот во Струмица, малолетници објавиле видео на „Тик ток“ како вршат насилство врз врсник
-

Најмалку шест лица загинаа во пожар во магацин за парфеми во Турција
