Регистрирани 105 нови случаи со морбили, досега вакцинирани 27.000 лица низ државата
Заклучно со денешниот ден се регистрирани вкупно 105 нови случаи на морбили, од кои 49 во Скопје, а 56 во другите градови низ државата. Вкупно досега со ова заболување се регистрирани 1.625 пациенти, информираше денеска д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство.
Според него, ова е најголема бројка на заболени од морбили во последните 25 години. Во однос на најновите 105 случаи, Караџовски потенцираше дека 77,1 процент се невакцинирани лица, вакцинирани само со една доза или лица за кои воопшто нема податок за вакцинален статус.
– Досега вкупно 27.000 лица се вакцинирани од почетокот на епидемијата, меѓутоа уште 15.600 лица се подложни на вакцинација, чувствителни на вирусот, а досега не се вакцинирани. Токму затоа, како епидемиолог, апелирам да се продолжи со вакцинацијата, истакнал д-р Караџовски.
Министерството за здравство денеска соопшти дека од медицинскиот персонал досега се вакцинирани вкупно 1.246 здравствени работници.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини
-
Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“
-
Најтопло утрово во Гевгелија, најстудено во Берово и Попова Шапка
-
Идентификувани телата на 55 загинати во сударот на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон
-
Путин: Трамп многу брзо ќе го врати редот
-
Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче