Османи: Покажавме зрелост и подготвеност за почеток на преговори со ЕУ
Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи имаше средба со делегација на Постојаната комисија за европски прашања на Парламентот на Кралството Холандија, предводена од претседателот на Комисијата и шеф на делегацијата г. Хаjке Велдман, соопшти денеска СЕП.
-Република Северна Македонија покажа исклучителна зрелост и подготвеност за отпочнување на пристапните преговори со Унијата, и тоа не само со исклучителните успеси во решавањето на поголемите отворени прашања со соседите, туку и со интензитетот и квалитетот на спроведените реформи“, истакна Османи, притоа посочувајќи на Договорот од Преспа, неговото создавање, верификација, и сега, неговото спроведување, како мало дипломатско чудо кое сè повеќе станува пример за решавање на билатерални прашања.
Постои сериозен напредок во имплементацијата на реформите во сите клучни области дефинирани од страна на Европскиот совет минатата година, напредок за кој е нотиран и соодветен трак-рекорд, кој е во постојана надградба, нагласи Османи, посочувајќи притоа и на успешно спроведените претседателски избори кои недвосмислено упатуваат на политичката и демократска зрелост на државата, и нејзината подготвеност за почеток на преговорите со Европската Унија оваа година.
На средбата беа отворени и темите поврзани со билатералната соработка помеѓу Кралството Холандија и Република Северна Македонија, која се реализираше во изминатите две декади, во износ од над 150 милиони евра, и ќе продолжи да се реализира и во претстојниот период, главно за поддршка на проекти поврзани со европската интеграција на земјава.
Османи упати благодарност до холандската делегација, за сèвкупната поддршка која земјава ја добива од Кралството Холандија, изразувајќи надеж дека истата ќе продолжи и во претстојниот период, особено во насока на поддршка на европските интеграции на земјата.
Ново на Сител
-

За шест часа собрани средствата за лекување на малата Ана
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради Задушница
-

Трамп: Смената на режимот во Иран би била најдобрата работа што може да се случи
-

Денеска православните христијани го празнуваат Светиот маченик Трифун
-

Во Адис Абеба почнува 39. Самит на Африканската Унија
-

Задушница - спомен за починатите
-

Германскиот министер за одбрана Писториус изјави дека тензиите во односите меѓу земјите-членки на НАТО се намалиле

