-->
-->
Кина и САД на нова рунда преговори - дали Трамп ќе ги зголеми царините по средбата?
-->
Делагација предводена од вицепремиерот на Државниот совет на Кинеската Народна Република, Лиу Хе, в четврток ќе пристигне во Вашингон на нова рунда преговори со САД, соопшти Министерството за трговија на Кина.
Посетата на високо ниво, со учество на „економскиот цар“ на Кина, значи дека кинезите се загрижени по сериозната намера на американскиот претседател Доналд Трамп да ги зголеми царините за увоз на низа кинески производи.
Според Вашингтон, Кина не ги исполнила претходно договорените обврски. Затоа на почетокот на месецов администрацијата на Трамп ја заостри реториката во однос на трговијата со Кина.
-Во текот на многу години САД годишно се во загуба од 600 до 800 милијарди долари. Со Кина трпиме 500 милијарди долари загуба годишно. Извинете, но повеќе немаме намера да го правиме тоа, напиша Трамп на Твитер.
Потоа тој се закани дека од петок ќе побара воведување на повисоки царини за низа кинески стоки. Американскиот трговски претставник, Роберт Лајтхајзер, веднаш потоа го потврди истото дека од петок ќе има зголемување на царините.
Трамп, исто така, рече дека неговата политика за зголемување на царините на кинеските производи е делумно резултат на добрата економска состојба на САД и дека постои несигурност за иднината на трговските преговори со Кина.
Министерството за трговија соопшти дека разговорите ќе траат два дена меѓу нивниот економски советник и американските претставници, кои ќе се сретнат в четврток во Вашингтон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Белградски енергетски форум на 13 и 14 мај во Белград
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески